ЗА НАС

Компанијата ЕЛЕКТРО МАРТИН Д.О.О.Е.Л. УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ е основана 11 Септември 2022 год, од страна на искусен Електро Техничар Мартин Стаменковски.

дознај повеќе

ГАЛЕРИЈА

Нашата приказна

КАКО ДОЈДОВМЕ ДО ТУКА?

Мартин изминативе 11 години работи електричарски услуги на повик како приватно лице, проекти и надвор од земјата со странски компании за изведба на Електрични инсталации, воедно работа во позната Компанија за продажба на електро-матерјали создава мрежа круг од клиенти и се распростанува како познат Електричар – Мартин… 2011-2022.

Побарувањата од клиентите, довербата која ја стекнува кај нив јасно го води кон тоа да основа своја Компанија ЕЛЕКТРО МАРТИН која ќе се бави со:
Комплетна изведба или реконструкција на Електрична инсталација ( семејни куќи, станови )
Електрична инсталација на локали, хали работилници
Промена на спратни табли, електро ормари
Монтажа на светилки, шуко приклучници, прекинувачи
Монтажа и сервисирање на Бела техника
Поправка на дефекти, отклонување проблеми во електричната инсталација

Желбата од старт беше да се основа нов субјект на пазарот на монтажа електро опрема и материјали, составен од професионалци,кој ќе понуди врвна услуга квалитетна изработка, и секако, сето тоа по пристапни и компетитивни цени.

Целосно ориентирани кон нашите клиенти, секогаш подготвени да излеземе во пресрет на нивните барања и потреби.
Наша определба е да бидеме комплетни, компетентни, иновативни, енергични, услужливи и страстно посветени на нашите цели.
Male electrician at the checkout counter on a blurred background of a switchboard.


Секогаш подготвени да се подобруваме и да ги слушаме потребите на пазарот. Само така успеваме да ја стекнеме довербата од нашите клиенти и уште повеќе ќе успеваме да ја одржиме долгорочно.

Константно го подобруваме целиот ланец во системот-од изборот на артиклите, набавката, монтажата. Во време на достапност на сите информатички технологии, наша определба од самиот старт беше што побрзо да ги имплементираме и да им овозможиме на нашите клиенти што побрза,подобра и полесна комуникација со нас.

Досегашниот развој на фирмата покажува дека нашите клиенти го ценат сето она кое ние го вложуваме и за возврат ни ја даваат довербата. Наша трајна определба е да продолжиме по тој пат и да растеме заедно со нашите партнери, на заедничко задоволство.

ПАРТНЕРИ НА КОМПАНИЈАТА

Ова се нашите ценети партнери и соработници со кои заедно го одиме овој пат

ПРЕТПЛАТИ СЕ

И ДОБИВАЈ НОВОСТИ ОД НАС!
ПРЕТПЛАТИ СЕ КОНТАКТ